Грнчаров го прозва Самсоненко и посочи за колку треба да го зголеми влогот за пласман на Вардар во ЛШ!

grne-bendtner

Вардар изминатава ноќ одигра исклучително храбро и го освои првиот и историски бод во Лига Европа, а според прикажаното на теренот, мора да се напомене дека нашиот шампион заслужи и цел плен во пресметката со Розенборг.

Нашиот тим комплетно доминираше на теренот и ги имаше најзрелите шанси на мечот, а за жал повторно прими наивен гол по една своја грешка во ситуација кога Барсегјан непотребно ја врати топката на својата половина пред самиот финиш на првиот дел.

Повеќе од јасно е дека заклучоците од првото и историско учество во едно европско натпреварување ќе се носат постепено и со текот на времето, а во меѓувреме исклучително интересна изјава на прес-конференцијата по мечот со Розенборг даде Бобан Грнчаров.

Капитенот на Вардар го прозва газдата Сергеј Самсоненко, предложувајќи му за колку треба да ги зголеми вложувањата доколку сака да го види клубот во наредното издание на Лигата на шампионите.

– Ако го гледаме денешниот меч во целост, мислам сите ќе се сложите дека заслуживме да победиме. Имавме повеќе шанси, да не направевме кикс во 45-та минута немаше да примиме гол. Оваа вечер покажавме дека можеме да се носиме со тимови како Розенборг, но од друга страна пак, далеку сме од екипите како Зенит и Реал Сосиедад. Со Розенборг и слични екипи можеме да биде рамноправни и да се надигруваме со посед на топката, но со Зенит и Реал Сосиедад не можеме да играме со овој распоред на силите. Ако сакаме да играме во Лигата на шампионите, нашиот газда ќе треба да ги зголеми актуелните вложувања за трипати, – порача популарниот Грне по средбата во Скопје.

Facebook Коментари