Грнчаров: Дома сме непобедливи во Европа, сакаме да ја продолжиме таа серија

grncarov

Најдобриот македонски клуб, Вардар утре ќе испише нова страница во македонската и својата историја и ќе го одигра првиот меч во групната фаза на едно натпреварување и тоа во Лига Европа против Зенит.

Таа средба се игра во Скопје  на арената „Филип Втори“, па „црвено-црните“ гледаат можност на позитивен начин да го отворат ова натпреварување.

-Утре ќе играме офанзивно на гол повеќе од противникот. Играме на нашиот стадион, се надевам навивачите ќе дојдат во што поголем број да нè поддржат. Играме одлично на домашен терен во Европа, три натпревари и три победи, па посакуваме да ја продолжиме таа серија, да ги освоиме првите бодови во групната фаза од ЛЕ. Немаме што да загубиме, туку можеме само да добиеме во ова натпреварување. Кога почнавме да играме во Европа, нашата цел беше да влеземе во групната фаза од ЛШ, ама не успеавме и загубивме во Копенхаген. Меѓутоа групната фаза од ЛЕ не е за потценување. Ова е големо достигнување, среќни сме што сме тука и ќе дадеме се од себе за добар резултат, -истакна капитенот Бобан Грнчаров.

Facebook Коментари