Поврзете се со нас

Македонија

ГРК Охрид го претстави Ончев: Проектот ме врати назад во Македонија, се надевам на големи успеси

Објавено

на

ГРК Охрид продолжува да го составува тимот за наредната натпреварувачка сезона, па така денеска официјално како нивен нов играч беше претставен Тоше Ончев.

Ончев имаше одлична сезона во Трибо Требње во Словенија и треба да претставува големо засилување за македонскиот прволигаш.

-Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја. Се надевам на големи успеси и излез во европа за наредна сезона, – изјави Ончев на својата презентација.

Бекот претходно има настапувано во Франција и Грција, во Македонија има играно за Вардар, Вардар Јуниор и Работнички, па со своето искуство и знаење треба да помогне во остварување на амбиците на клубот.

Претходно Охрид го назначи Горан Андоновски за нов тренер, соработката беше продолжена со Крсте Андоновски и Иван Тасески, а во тимот остануваат и десното крило Наум Костов и пикерот Кристијан Димитриески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни