Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман знае каде ќе ја продолжи кариерата по Барселона: Тоа е идеално сценарио за мене

Објавено

на

Антоан Гризман ова попладне се погрижи за израмнување во Будимпешта и спречи Франција да претрпи прв пораз на Европското првенство, но истовремено, многу популарно во неговата родна земја и во Шпанија стана интервјуто кое го направил за „Фигаро“ пред почетокот на средбата.

Гризман игра убедливо подобро за Франција отколку за Барселона и често знае да наиде на огромни критики во Каталонија, но како што вели самиот, негова цел е во целост да го одработи договорот со каталонскиот гигант, а потоа да замине на омилената дестинација.

Французинот е убеден дека на 33 години ќе биде вистинско време да стави крај на својата авантура на стариот континент, по што планира кариерата да ја продолжи во Америка.

– Мојот договор со Барселона истекува во јуни 2024-та година и после тоа ќе биде вистински момент за да заминам во Соединетите Американски Држави, ќе се преселам во Америка.

– Ја сакам Америка, ја сакам нивната култура, голем фан сум на НБА лигата и ќе биде идеално да завршам таму. Целото мое семејство го дели моето мислење, – вели Гризман во интервјуто за „Фигаро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни