Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман за односот со Меси: Вие му давате диња, тој ја претвора во кавијар!

Објавено

на

Големата француска ѕвезда, Антоан Гризман отворено проговори за неговиот однос со соиграчот од Барселона, Лионел Меси.

Медиумите често знаат да говорат за односот меѓу Французинот и Аргентинецот, односно дека постои одредена тензија, несогласување, ама досега ниту еден од нив не истакнал дека има проблем поради кој не можат да создадат подобра врска, хемија на теренот.

Самиот Гризман за  „Л’Екип“ одново говореше на оваа тема притоа порачувајќи дека нема никакви несогласувања со капитенот на шпанскиот великан.

-Нашиот однос е добар. Добро се согласуваме. Понекогаш си пишуваме пораки, комуницираме многу на тренинг. На теренот тој е играч со кој супер лесно се игра. Му испраќате диња, тој ја претвора во кавијар! Го немаме тој притисок да промашиме додавање со него.

-Во натпреварите, работите стануваат се подобри и подобри. Оваа година беше малку комплицирано затоа што имавме многу повреди и игравме во систем каде сите не беа нужно во нивната најдобра позиција. Но, ќе започнеме нова сезона со нови засилувања, ќе биде подобро, -вели Антоан признавајќи дека не бил секогаш среќен на „Камп Ноу“.

-Да, кога ќе ја загубите лигата, тоа на пример ме прави тажен. И на почетокот на сезоната, бидејќи не играв, не се чувствував важен. Навикнат сум да играм секој натпревар, големите натпревари. Се најдов на клупата против Реал Мадрид (пораз со 3-1 во октомври 2020 година). Бев лут кога ги видов соиграчите како се загреваат на теренот додека вие сте до него.

-Ама тоа е изборот на тренерот, мора да го прифатите и да сторите сé што е можно за да го смените неговиот став, -порача францускиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни