Гризман со уникатна фраза го опиша својот трансфер во Барселона (Видео)

grizi-1

Антоан Гризман денеска и официјално беше потврден како бомбастично засилување на Барселона за новата натпреварувачка сезона, трансфер кој и тоа како има своја позадина ако се знае дека каталонскиот гигант претходно во два наврати беше блиску до неговиот потпис.

Французинот на двапати ги одбиваше каталонците и своевремено одлучи да остане во Реал Сосиедад и минатата година во Атлетико Мадрид, но додека дел од фановите на Барселона се лути и незадоволни од ваквиот потег на управата, Гризман со своите први зборови како играч на шпанскиот првак состави една уникатна фраза која најдобро ја опишува неговата историја на преговори со Барса.

– Мојот татко уште од мали нозе ме научи дека возот не минува само еднаш. Сега е време за нов предизвик, на крајот, нашите патишта се вкрстија, – порачува Гризман.

Facebook Коментари