Гризман смисли оригинална прослава за водечкиот гол на „Камп Ноу“ и ги замени Меси и Суарез (Видео)

grizman-slavi

Антоан Гризман доби доста критики за првиот меч кој го одигра во Примера како член на Барселона, а тоа како да го мотивираше да го видиме во најдобро издание оваа вечер на „Камп Ноу“.

Французинот за првпат одигра официјален меч пред новите фанови, па со своите два гола и една асистенција се истакна како играч на мечот кој не почна баш добро за шпанскиот првак. Бетис поведе со одличниот гол на Французинот Фекир, но Барса успеа да реагира пред крајот на првиот дел, и тоа токму по заслуга на Гризман. Францускиот напаѓач не го славеше израмнувачкиот погодок, но затоа смисли оригинална прослава во моментите кога го постигна водечкиот гол за 2:1 на стартот на вториот дел.

Набрзо после ова, Барселона имаше и сигурно водство од 3:1 бидејќи во листата на стрелците се запиша младиот Перез во 56-та минута, додека Жорди Алба само четири минути подоцна ја потврди победата на домаќините. До крајот, Гризман со асистенцијата до Артуро Видал ја заокружи својата брилијантна партија со која ги замени Меси и Суарез кои го гледаа мечот од трибините, а во самата завршница, втор гол постигна и Бетис преку Лорен за конечни 5:2.

Facebook Коментари