Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гризман се соочи со реалноста: Кога играте против вакви ривали во ЛШ…..

Објавено

на

БАрселона доби фудбалска лекција од ПСЖ на домашен терен, особено во второто полувреме во кое каталонската гордост прими три гола, а воедно не создаде ниту една стопроцентна шанса за гол со која можеше да го загрози Кејлор Навас.

ПСЖ на крајот повеќе од заслужено славеше со 1:4 и за првпат оствари победа на „Камп Ноу“ во својата клупска историја, па додека Гризман беше навистина тивок и неутрализиран во нападот, неговиот колега од репрезентацијата беше неверојатно добар и постигна хет-трик со кој ги приближи „светците“ до четвртфиналето во најелитното натпреварување.

Гризман се соочи со реалноста по поразот и призна дека ПСЖ бил супериорен, нагласувајќи дека вакви ривали во Лигата на шампионите бараат да играте на врвно ниво во текот на сите 90 минути.

– ПСЖ беше супериорен, во секој поглед. Напред ги дадоа головите кои требаше да ги дадат, ние имавме некоја шанса, но не бевме добри, не беше наш најдобар натпревар. Вакви ривали во Лигата на шампионите бараат да играте на врвно ниво во текот на цел меч, а ние не го направивме тоа.

– Не може многу да се додаде, ова не е сликата која сакавме да ја дадеме. Ќе одиме во Париз да победиме, но нема да биде лесно. Тешко е кога ќе примиш дури четири гола на домашен терен, – изјави Гризман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни