Поврзете се со нас

Лига на нации

Гризман се посрамоти на „Пољуд“ и ја упропасти шансата за победа во 88. минута (Видео)

Објавено

на

Хрватска и Франција ремизираа на „Пољуд“ во еден доста потпросечен натпревар за квалитетот кој го поседуваат двете репрезентации, а најдобра отслика за виденото на теренот е последната голема шанса на Антоан Гризман.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид влезе во игра во вториот дел на местото на Бен Једер, но токму тој ја пропушти најзрелата шанса за победа на „триколорите“.

Крамариќ израмни на 1:1 во 83-та минута и го неутрализираше погодокот на Рабио, но во 88-та минута Гризман излезе сам, голманот остана зад него, но неговата реакција беше навистина катастрофална.

Позицијата можеби и не беше најидеална, но Гризман не успеа да го погоди ниту голот и не изнуди ниту реакција од страна на хрватските дефанзивци кои се обидуваа да покријат.

На крајот топката заврши во гол аут, па така пропадна најголемата шанса во самиот финиш на мечот во Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни