Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман се подготвува за живот после активното играње фудбал: Ангажирал екс играч на Јунајтед за..

Објавено

на

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман веќе почна да повлекува потези кои покажуваат во која насока ќе го насочи својот професионален ангажман веднаш штом запре со активното играње фудбал.

Гризман, планира да стане фудбалски агент, па заедно со неговиот актуелен агент, Хектор Фернандез и неговата сестра, Мауд, ја основале компанијата „By&For“ која ќе се занимава со следење, ангажирање и продажба на фудбалери во иднина.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид сакал да се насочи кон фудбалери од Премиер лигата кои би можеле да направат транфер во Ла Лига, па затоа го ангажирал поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тери Гибсон.

Гибсон кој го носел дресот и на Тотенхем веќе подолг период работи „од позадина“ и е познат по тоа што скаутирал играчи од ЛА Лига за Болтон додека Сем Алрдајс бил на чело на овој клуб.

30 годишниот Гризман од оваа година се врати во Атлетико Мадрид, а веќе станува јасно со која работа ќе се занимава веднаш штом ги закачи копачките на клин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни