Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман се лизна и изведе еден од најлошите пенали во последните неколку години (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид и Севилја заминаа на пауза без постигнат гол во првиот дел од четвртфиналето во Копа дел Реј, период кој најмногу ќе се памети по утката која ја режираше Антоан Гризман.

Двата тима не создадоа стопроцентни шанси за гол, но домаќините имаа огромна шанса да поведат во 26-та минута, кога Гризман изведе момент за кој си се изнасмеа самиот на себе.

Гризман ја презема одговорноста и самоуверено тргна да изведува пенал, но пред да ја шутна топката се лизна и направи да видиме една од најбизарните пенал ситуации во последните неколу години.

Топката заврши далеку над голот и голманот на Севилја воопшто не требаше да интервенира, а чудната ситуација не го остави рамнодушен ниту Гризман кој си се насмеа на себеси.

Останува да видиме дали оваа утка ќе биде кобна за Атлетико на овој дуел, или и покрај тоа „душекџиите“ ќе го пронајдат патот до полуфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни