Гризман првпат проговори по објавувањето на документарецот и откри зошто ја откачи Барселона

grizman-pokazuva

Антоан Гризман си остана на зборот и пред првиот меч на Франција на Светското првенство откри каде ќе ја продолжи својата кариера, а тоа го направи на начин каков што не се памети во фудбалот.

Французинот сними мини-документарец преку кој соопшти дека неговата конечна одлука е да остане во Атлетико Мадрид, отфрлајќи ја можноста да заигра во актуелниот шпански шампион, тимот на Барселона. Гризман изненади многумина со својата одлука бидејќи најавите велеа дека ќе биде големо засилување за тимот кој го предводи Ернесто Валверде, но по продуцирањето на видеото и објавување на конечната одлука, Французинот сега за првпат се огласи и откри што го натерало да ја „откачи“ примамливата понуда на каталонскиот гигант.

– Добив многу љубов и многу поддршка. Љубовта кон Атлетико и моето срце ме натераа да останам. Видеото го направив за да им покажам на фановите како ние фудбалерите ги донесуваме тешките одлуки. Некои уживаа во овој процес, други не, – вели Гризман.

Facebook Коментари