Гризман: Првиот ден во Барселона беше тежок, но полека се навикнувам

grizi-mikrofon

Антоан Гризман се очекува утре да го има своето деби во дресот на Барселона на пријателскиот меч кој каталонскиот гигант ќе го одигра против Челси, а пред истиот, беше дел од прес-конфернецијата која ја одржаа челниците на шпанскиот тим.

Францускиот напаѓач допрва ќе треба да се аклиматизира на новата средина и да ги научи новите соиграчи, но за време на официјалното обраќање кое го имаше пред стартот на Ракутен купот, откри како го доживеал првиот тренинг на кој двапати беше изработен од ѕвездите на Барса.

– Првиот ден во Барселона беше малку тежок за мене бидејќи бев жртва на два „тунели“ за време на тренинг вежбата. Еден беше од Иван Ракитиќ, но полека почнувам да се навикнувам. Не добив порака од Меси, но добив порака од Суарез кој ми посака добредојде. Групата со која тренирам на старто ме прифати фантастично, среќен сум што ја делам соблекувалната со овие момци и се надевам дека многу ќе им помогнам во иднина, – нагласи Гризман.

Facebook Коментари