Шпанија
Гризман претрча 70 метри со топката во нозе и постигна урнебесен гол (Видео)

Антоан Гризман е херојот на Атлетико Мадрид на гостувањето во Галиција, бидејќи „душекџиите“ вечерва славеа благодарение на фантастичниот Французин кој ги постигна сите три гола на мечот.
Искусниот напаѓач постигна хет-трик против Селта и заврши најголем дел од задачата за својот тим, но постигна и еден гол на кој не остана рамнодушен ниту самиот тој.
Резултатот беше отворен од пенал во 29-та минута, но на вториот гол се чекаше до 64-та кога Гризман претрча 70 метри со топката во нозе, пред да постигне урнебесен гол.
Кога издржа неколку дуели и се најде во ситуација да бие, Гризман сакаше да биде несебичен и да го проигра Мората, но тогаш се лизна и топката доби неочекуван правец.
Ударот испадна идеален и целосно го измами голманот Гуаита, а на среќниот гол се изнасмеа и самиот Французин. До крајот, Гризи ја комплетираше својата блескава партија и постигна трет гол во мрежата на домаќинот за конечни 0:3.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)