Шпанија
Гризман повторно направи разлика за Атлетико, Симеоне спринташе за да им честита на своите фудбалери (Видео)

Атлетико Мадрид го одржува чекорот со водечката тројка во шпанска Ла Лига и се врати на победничките патеки, откако вечерва на „Метрополитано“ го доби дуелот со Вилјареал.
„Душекџиите“ беа непријатно изненадени минатиот викенд на гостувањето кај Лас Палмас, но по поразот, следеше победа во Лигата на шампионите, а сега и нов триумф во Ла Лига.
Вилјареал се покажа како незгоден предизвикувач и успеа да поведе во шпанската престолнина преку Морено, но добра вест за Чоло Симеоне и фановите на Атлетико е тоа што сезонава го имаат Антоан Гризман.
Французинот игра во страшна форма и вечерва само го потврди тоа со МВП издание, бидејќи беше клучен за пресвртот со асистенција до Витсел, како и гол за 2:1 во 80-та минута.
Погодокот на Французинот предизвика голема еуфорија на трибините и тоа беше 12-ти погодок за него од стартот на сезоната, а возбуден беше и Симеоне кој со спринт дотрча до своите играчи за да им честита за акцијата.
До крајот на мечот, гол постигна и Самуел Лино и на тој начин беше заверена победата.
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 17 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 20 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 16 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Германијапред 23 часа
Баерн бара наследник на Нојер, фокусот повторно кон Серија А