Гризман подготвуваше специјална прослава, реакцијата на Меси и Суарез се најде во прв план (Видео)

mesi-deca

Антоан Гризман на најдобар можен начин им се претстави на фановите на „Камп Ноу“, издание со кое брзо успеа да ги освои симпатиите по прилично контроверзниот трансфер кој траеше повеќе од една година.

Францускиот напаѓач брзо ги заборави и критиките кои ги доби по првиот пораз од Атлетико Билбао, бидејќи вечерва максимално ја презема одговорноста во нападот во ситуација кога на теренот ги немаше Меси, Суарез и Дембеле. Гризман најпрво израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел, а потоа на стартот на второто полувреме постигна одличен погодок кој го заокружи со оригинална прослава. Со двата погодоци, Гризман го најави пресвртот на Барселона во мечот со Бетис (5:2), а уште поинтересно беше тоа што во неговите мајстории од вип ложата уживаа Лео Меси, Луис Суарез и нивните синови.

Петте члена на трибината уживаа во сите погодоци, но посебно го привлекоа вниманието со реакцијата при вториот гол на Гризман, бидејќи доста еуфорични беа и двата синови на Аргентинецот.

Facebook Коментари