Гризман: Подготвувам нешто специјално за мојот прв гол на „Камп Ноу“

grizman

Францускиот ас, Антоан Гризман е најзвучното засилување за Барселона во овој преоден рок, засилување кое каталонците ги чинеше 120 милиони евра.

Меѓутоа шпанскиот шампион верува во напаѓачот, а и Французинот е убеден дека ќе ги оправда високите очекувања. Тој со нетрпение чека да го облече дресот на новиот клуб, па дури и подготува нешто специјално за првиот гол кој ќе го даде на „Камп Ноу“.

-Подготувам прослава за „Камп Ноу“, се надевам се ќе биде како што треба, -истакна Гризман кој не сакаше да откри повеќе детали.

Facebook Коментари