Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гризман откри за што ги користи МВП трофеите во својот дом и ги изнасмеа фановите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Антоан Гризман секогаш воодушевува со изјавите кои ги дава по натпреварите, бидејќи покрај тоа што е расположен за шеги, успева добро да се надоврза и со ситуации кои се дел од неговиот приватен живот.

Французинот вчера постигна два гола против Селтик во победата од 6:0 и беше убедливо најдобар играч на теренот, па сосема заслужено беше избран и за МВП од страна на УЕФА.

Гризман игра навистина импресивно во последно време и добиеното признание им го посвети на соиграчите, тренерот и сите вработени во клубот, но не ги заборави и своите најблиски.

Напаѓачот на Атлетико вели дека голема радост ќе има и во неговото семејство, особено синот Амаро кој откри дека ги користи овие мини трофеи како стативи во дневната соба.

– Амаро ќе биде среќен бидејќи ќе има избор плус за статива. Ги користи овие трофеи за да направи стативи во дневната соба, – откри Гризман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни