Гризман обелодени која легенда на Барселона е негова голема инспирација (Видео)

grizman-zut

Антоан Гризман полека се прилагодува на новиот систем и новиот живот во Барселона, а со оглед на тоа што го има епитетот на најзвучно засилување во летниот преоден рок, официјалните медиуми на клубот на секој начин се обидуваат да го доловат Французинот во секакво светло.

Клупската телевизија сега со едно мини-интервју од 90 секунди се обиде да извлече што е можно повеќе одговори од новиот напаѓач, а покрај тоа што уште еднаш ја нагласи симпатијата која ја чувствува кон Дејвид Бекам, Гризман откри дека негова омилена легенда од Барселона е неверојатниот борец Карлес Пујол.

Facebook Коментари