Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гризман му фаќаше сеир на пеналџијата на Интер кој беше прочитан од Облак: Ги наполни гаќите….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Антоан Гризман се врати од повреда и направи голем напор за да игра против Интер во реванш осминафиналето во Лигата на шампионите, па поради тоа не можеше докрај да го одигра продолжението.

Французинот беше клучен фактор во регуларниот дел и постигна гол со кој го врати Атлетико во игра, а иако немаше шанса да биде еден од пеналџиите, Французинот бил и тоа како инволвиран во случувањата.

Шпанските медиуми открија дека Гризман со многу емоции го доживеал возбудливиот пенал рулет, па дури и му фаќал сеир на Алексис Санчес кој беше првиот играч на Интер кој не го совлада Јан Облак.

Во моментите кога голманот на Атлетико го неутрализираше ударот на Алексис, Гризман во неколку наврати повтори слична фраза, а истата беше дешифрирана од Шпанците.

– Се посра Чилеанецот….. Чилеанецот ги наполни гаќите……, – порачува Гризман.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни