Гризман: Меси е лут на мене? Знам како ќе ги средиме работите….

grizman-topka

Антоан Гризман денеска беше официјално промовиран како нов играч на Барселона, но покрај тоа што говореше за очекувањата кои ќе ги има во новата сезона, мораше да дава одговори и за прашањата поврзани за она што се случи пред една година.

Пред 12 месеци, Гризман ја олади Барселона и ги извиси челните луѓе на клубот кој претходно постигнаа договор со него, а бидејќи сега Французинот се премисли и сфати дека е време за заминување од Атлетико Мадрид, а иако добар дел од фановите на Барса беа против ангажман на напаѓачот, клубот на крајот ја реализираше оваа зделка.

– Највеќе ме радува што ќе делам мате со Меси (јужноамериканско кафе). Навистина сум среќен. За мене Меси е легенда и ќе биде чест да бидам крај него, – порача Гризман кој знае како ќе ја смири лутината доколку постои кај Аргентинецот.

– Дали Меси е лут за тоа од минатата година? Можно е, ќе видам дали е така кога ќе бидам со него. Сепак, со неколку асистенции, мислам дека ќе средиме се, – низ смеа истакна Французинот.

Facebook Коментари