Поврзете се со нас

Свет

Гризман избра осум елементи од фудбалски мајстори и го состави идеалниот играч (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Антоан Гризман се врати во врвна форма по кам-бекот кој го имаше во Атлетико Мадрид и тоа е посебно добра вест за Диего Симеоне, но и за францускиот селектор Дидие Дешамп.

Гризман со години наназад е еден од лидерите на Франција и беше дел од сите три финалиња кои ги играа „триколорите“ на Светските и Европските првенства, а како фудбалер со големо искуство, сега направи еден уникатен микс и го состави идеалниот фудбалер.

Ѕвездата на Атлетико Мадрид избра еден свој елемент и уште седум од големи фудбалски мајстори, па „ЕСПН“ јавно сподели како изгледал неговиот избор.

Гризи ја избра пас играта на Бекам, интелигенцијата на Бускетс, силата од Кристијано Роналдо, својата издржливост, а потоа се осврна на уште четири квалитети.

Французинот во прв план ја стави работната етика на Коке, брзината на Тјери Анри, техниката на Лео Меси и реализацијата на Пипо Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни