Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман испиша историја во дресот на Атлетико: Имаше многу емоции, ова е нешто неверојатно за мене

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Атлетико Мадрид иако водеше во два наврати (1-0, 3-2) не успеа да обезбеди пласман во финалето на Супер Купот на Шпанија каде ќе игра нивниот градски ривал Реал Мадрид.

„Кралевите“ ја добија драмата во Саудиска Арабија со 5-3 со два гола во дополнителните минути. Секако ова беше разочарување за Атлетико, но и од еден ваков меч можат да се извлечат позитивни работи особено кога е испишана историја како што е случајот со Антоан Гризман.

Французинот даде убав гол во првиот дел и истиот беше доволен за да официјално стане најдобриот стрелец во историјата на „душекџиите“.

-Ова е нешто неверојатно за мене, голем извор на гордост. На полувремето имаше многу емоции, но моравме да се вратиме во игра, -истакна Гризман за „Марка“.

Тој смета дека Атлетико мора да се подобри во дефанзивата.

-Знаеме дека треба да се подобриме и додека не се подобриме, тоа ќе се случува на вакви натпревари. Тоа е нешто што го претставува Атлетико Мадрид, да имаме многу силна одбрана и мораме да ја подобриме, -порача напаѓачот.

Следниот предизвик за четата на Симеоне е исто против Реал, овој пат во Копа Дел Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни