Гризман со интересна фотографија го ,,пецна” Рамос (Фото)

grizman-vika

Атлетико Мадрид го совлада градскиот ривал Реал Мадрид во Суперкупот кој се одржа во Талин, а самото ривалство меѓу двата клуба и фактот дека е освоен значаен трофеј доволно зборува за важноста на успехот на момците на Диего Чоло Симеоне.

Победата преку продолженија, беше премногу слатка за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антон Гризман, кој не чекаше многу и со една илустрација на социјалните мрежи, во негов стил ја прослави титулата.

Тој стави лустрација од Серхио Рамос го крунисува за ,,Kрал на Европа”, а со тоа му даде на знаење на лутиот ривал дека започнува негово време.

grizman ramos

Facebook Коментари