Поврзете се со нас

Европски првенства

Гризман има „предавници“ во семејството: Ќе го гледаат мечот со дресови на Португалија

Објавено

на

Во дербито на денешниот натпреварувачки ден на Европското првенство, Франција и Португалија ќе ги одмерат силите во Будимпешта во натпревар кој инаку е реприза на последното финале од континенталниот собир во 2016-та година, средба пред која Антоан Гризман нагласи дека има неколку „предавници“ во своето семејство.

Гризман со голема чест и гордост го брани националниот грб на „триколорите“, но семејството на неговата мајка потекнува од Португалија и тој е уверден дека еден дел од неговото најблиско опкружување ќе го гледа мечот со дресови на Португалија.

Антоан доживеа огромно разочарување во 2016-та година кога загуби во големото финале на домашен терен и сигурно ќе има дополнителен мотив да им се реваншира на Португалците, но и на оние членови од семејството кои навиваат за земјата во која се родени.

– Ова е посебен натпревар за моето семејство. Дел од моето семејство ќе го гледа натпреварот со дресови на Португалија, сигурен сум во тоа. Сепак, од една страна, ќе има и членови со дресот на Франција. Кој и да загуби на крајот, ќе биде предмет за потсмев по средбата во Будимешта, – открива Гризман кој го искористи обраќањето и за да го пофали Кристијано Роналдо, лидерот на Португалците.

– Кристијано е извор за фудбалска инспирација, не само за мене, тука за сите. Изворедно е тоа што го прави на 36 години, на клупски и репрезентативен план, – додава Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни