Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона и Атлетико Мадрид овој викенд (недела 21 часот) ќе ги одмерат силите во рамките на дербито од 15. коло во Премиера, средба која е интересна од повеќе причини меѓу која и фактот што Жоао Феликс ќе игра својот тим со оглед на тоа што се уште е под договор со „душекџиите“.

Португалецот од почетокот на оваа година е надвор од Атлетико, прво беше на позајмица во Челси, потоа ги мина подготовките со клубот од Мадрид, ама јасно е дека има одредени несогласување меѓу него и тренерот Диего Симеоне, поточно беше прашање на време и место, кога и каде ќе замине. На крајот заврши во шпанскиот првак каде се обидува да ја врати формата, кариерата на вистински пат и да потврди само дека згрешил што го избрал Атлетико за негов клуб.

Во пресрет на неделниот меч, дојдоа неколку провокативни изјави, критики од Мадрид за Португалецот и тоа од довчерашните соиграчи како Антоан Гризман и Саул Нигез.

Французинот порача дека на офанзивецот му фалела конзистентот за да успее во Атлетико, додека пак Саул истакна дека Португалецот можел некои работи да ги изведе поинаку за време на престојот на „Ванда Метрополитано“.

-Не се согласувам со Гризман. Секој има свое мислење…нема да коментирам -истакна Феликс за коментарот на Гризман.

-Секако дека можеа да се направат подобро. И јас и сите други. Имаше работи што не беа направени добро, но тоа не беше вина само на една личност, туку на неколкумина, -порача членот на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни