Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман го одведе Атлетико во осминафиналето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Екипата на Атлетико Мадрид успеа да обезбеди билет за осминафиналната рунда во Купот на Шпанија и тоа откако вечерва славеше против нисколигашот Марбелја со минимални 1-0.

Четата на Симеоне можеше да постигне повеќе голови на овој дуел ако играчите беа пофокусирани во завршниците на акциите, но и погодокот на Гризман на крајот се покажа како доволен за да се оствари целта.

Клучниот момент се случи во 16 минута кога Гризман од „втора“ по одбранта на домашниот голман ја смести топката во мрежата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни