Поврзете се со нас

Шпанија

Гризман е голема фубалска ѕвезда, но игра со копачки од „Декатлон“ вредни само 65 евра (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Антоан Гризман е голема фудбалска ѕвезда и повеќе од една деценија игра на највисоко можно ниво, а во седмицата во која стана топ тема во Франција поради повлекувањето од репрезентацијата, сега стана интересен во шпанската јавност и поради една несекојдневна тема.

Гризман беше стартер на дербито против Реал Мадрид и беше доста активен во дуелите со играчите на Карло Анчелоти, а специјализираните медиуми кои посебно ги следат сите детали, уловиле дека Антоан на овој меч играл со чудна марка на копачки.

Французинот со години беше заштитен знак за „Пума“ и беше амбасадор на познатата германска компанија, но откако му истекол договорот, Гризман решил да игра со копачки кои се достапни и за обичните фанови кои не заработуваат милиони евра.

Имено, Гризман играл на мадридското дерби со копачки кои се продаваат во „Декатлон“, компанија која е позната по тоа што има достапни цени на производи за различни спортови, вклучувајќи и фудбал.

Антоан избрал да игра со копачки „Кипста ЦЛР“ чија вредност е само 65 евра, а тоа дефинитивно е вистински раритет за големите ѕвезди на професионално ниво.

Само за споредба, копачките кои ги носи Хулијан Алварез вредат 250 евра (марка Адидас), а истото важи и за копачките на Маркос Љоренте.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни