Поврзете се со нас

Англија

Гринвуд се најде во составот за натпреварот со Рома и влезе во историјата на англискиот фудбал

Објавено

на

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд продолжува да го запишува своето име во фудбалските историски книги на Островот.

Офанзивецот е во составот на Јунајтед кој во моментов игра против тимот на Рома во возвратниот полуфинален натпреварод Лига Европа.

Ова за Гринвуд е негов 100-ти натпревар за Манчестер Јунајтед во сите конкуренции со што од вечерва тој е најмладиот англиски фудбалер кој стигнал до оваа бројка натпревари во сениорскиот фудбал.

Гринвуд тоа го направи со 19 години и 217 дена станувајќи и третиот најмлад игрaч на Манчестер Јунајтед кој  кој стигнал до бројката од 100 одиграни натпревари. Пред него се само легендарните Норман Вајтсајд и Џорџ Бест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни