Поврзете се со нас

Англија

Гринвуд не планира да се врати во Јунајтед и покрај изјавата на новиот газда, причината е многу проста

Објавено

на

Foto:twitter.com/GetafeCF

Мејсон Гринвуд доби сериозни обвиненија за нанесување тешки телесни повреди на својата партнерка и поради тоа сериозно беше доведена во прашање неговата кариера, но откако сите обвиненија беа повлечени, Англичанецот доби нова фудбалска шанса надвор од Островот.

Манчестер Јунајтед со месеци вршеше интерна истрага за Гринвуд и покрај тоа што обвиненијата беа повлечени и не му даде поддршка на напаѓачот, но промената во раководството сега отвори опција за негово враќање на „Олд Трафорд“.

Сир Џим Ретклиф самостојно порача дека ќе размислат за враќање на напаѓачот кој од стартот на сезоната брилјира на позајмица во Хетафе, меѓутоа последната вест поврзана за Гринвуд отфрла вакво сценарио.

Угледниот „Атлетик“ тврди дека фудбалерот не планира да се врати на „Олд Трафорд“ и повторно да го облече црвениот дрес, а причината е многу проста и едноставна.

Гринвуд смета дека не ја добил потребната заштита од клубот во најтешките денови во неговиот живот, а од друга страна пак, далеку покомотно се чувствува во Мадрид каде не трпи толкав притисок како во Манчестер.

Мејсон со своите перформанси во Ла Лига го привлече вниманието и на неколку поголеми клуба од Шпанија, меѓу кои посебно се истакнува Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни