Поврзете се со нас

Англија

Гринвуд го скрши отпорот, Кавани го дотолчи Барнли во новата победа на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед одлично се снаоѓа во овој згуснат период од натпревари на секои три дена, па ова попладне иако долго време се мачеше, на крајот успеа да стигне до четврта победа во низа во сите натпреварувања.

По двата триумфи над Гранада, тимот на Оле Гунар Солскјер ја запиша и петтата победа во низа во домашното првенство, со која јасно стави до знаење дека второто место на табелата е речиси загарантирано, а истовремено се намали и предноста во однос на Сити кој ова коло паузираше поради вчерашниот настап во ФА Купот.

Денеска гостин на Јунајтед на „Олд Трафорд“ беше Барнли, тим кој уште еднаш се покажа како цврст орев, кој на крајот сепак капитулираше во самата завршница.

Гринвуд го отвори резултатот на стартот на вториот дел, Тарковски израмни на 1:1, но во завршните 10 минути, видовме два гола, од кои оној вториот на Гринвуд беше клучен. Младиот напаѓач погоди за 2:1 во 84-та минута, додека триумфот на театарот на соништата во судиското продолжение го потврди искусниот Единсон Кавани кој влезе на стартот на второто полувреме на местото на Фред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни