Поврзете се со нас

Франција

Гринвуд добил јасна порака од Англија и решил да настапува за друга репрезентација

Објавено

на

Foto:x.com/OM_Officiel

Мејсон Гринвуд настапува во одлична форма во дресот на Олимпик Марсеј, но тоа нема да му помогне да добие шанса во англиската репрезентација.

Имајќи го предвид неговото минато, односно обвинението за физички напад и силување, Англиската фудбалска асоцијација му потврдила на Гринвуд дека никогаш веќе нема да биде повикан во националниот тим.

Откако ја добил оваа информација, Гринвуд решил да ја искористи можноста да настапува за националниот тим на Јамајка и веќе ги комплетирал потребните документи за такво нешто.

Селектор на Јамајка е Стив Мекларен, искусен стручњак кој добро го познава Гринвуд и ќе добие сериозно засилување наредните години.

Единствениот настап за Англија, Гринвуд го има забележано пред 21. роденден, па поради тоа има право да ја промени репрезентацијата, а за Јамајка може да настапува поради потеклото на својот татко.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни