Поврзете се со нас

Италија

Гринвуд дал зелено светло за трансфер во Серија А

Објавено

на

Foto:twitter.com/GetafeCF

Мејсон Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но се чини дека сака да настапува за поамбициозен тим од Хетафе.

Англискиот фудбалер одигра одлична сезона на заем во редовите на шпанскиот прволигаш и го привлече вниманието на голем број клубови, но во моментов најблиску до него е Јувентус.

Новиот тренер Тиаго Мота ја одобрил акцијата на спортскиот менаџмент за ангажман на Гринвуд, а „Газета дело Спорт“ тврди дека офанзивниот фудбалер дал зелено светло за реализација на оваа идеја.

Пречка останува трансфер сумата која ја бара Јунајтед, а изнесува околу 40 милиони евра, нешто што во моментов не е реално за Јувентус.

Италијанците ќе се обидат да вметнат фудбалер во преговорите за да ја намалат сумата, а како потенцијален играч кој може да се пресели во Јунајтед е уште еден англиски интернационалец, односно Семјуел Илинг Џуниор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни