Поврзете се со нас

НБА

Грин за тројката која одлучи да игра за САД: Каква професионалци, поради нив треба да го освоиме златото

Објавено

на

Соединетите Американски Држави ќе го започнат настапот на Олимписките Игри со дуелот против Франција, дуел пред кој големиот борец Дрејмонд Грин испрати порака до тројца играчи кои одлучија да играат за националниот тим.

Станува збор за Џру Холидеј, Крис Мидлтон и Девин Букер кој пред само неколку денови играа во финалето на НБА лигата, но без разлика на сите напори, згуснатиот распоред тие останаа посветени и ќе му бидат на располагање на селекторот Грег Попович на турнирот на кој овој тим ќе се обиде да го одбрани златото од претходната олимпијада.

-Многу ги почитувам играчите кои го одржаа својот збор и се појавија во Токио – мислам на Крис Мидлтон, Џру Холидеј и Девин Букер. Ова се тројца професионалци, исклучително конкурентни момци. Ова им значи, затоа дојдоа.

-Многу лесно можеа да кажат дека сега го завршија плејофот и дека не сакаат да играат.. Крис и Џру ја освоија титулата, можеа да кажат дека сакаат одмор. Тоа е уште еден дополнителен мотив – треба да вложиме повеќе труд поради нив и да освоиме златен медал на Олимписките игри, -порача членот на Голден Стејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни