Поврзете се со нас

НБА

Грин за играта на Лука: Дончиќ е типичен Србин (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Голден Стејт и Далас одиграа историски меч во НБА лигата на кој беа постигнати рекордни 48 тројки, кошаркарска рапсодија која направи дури и членовите од поразениот тим да бидат расположени по натпреварот.

Дрејмонд Грин како специјалист за одбрана немаше адекватни решенија за Лука Дончиќ и неговите соиграчи, па во својата анализа на мечот, ѕвездата на Голден Стејт не штедела комплименти за Словенецот.

Грин тоа го направил на начин кој брзо привлече огромно внимание, бидејќи играта на Лука ја спореди со онаа на Никола Јокиќ.

– Лука е типичен Србин! Тој не е Србин, знаеме дека е Словенец, но тоа ви е тука некаде. Играчите од тие простори имаат ноншалантно однесување. Зборуваат само кога погодуваат клучни шутеви, но најчесто се цело време рамнодушни.

– Ве разбиваат, а во себе се целосно ладни. Секогаш е интересно да се натпреварувате со великан како Лука, – изјави Грин по поразот од 143:133.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни