Поврзете се со нас

НБА

Грин по очајната партија против Бостон: Играв како лајно (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Голден Стејт Вориорс претрпе пораз од Бостон Селтикс од 116-100 во третата средба од финалето во НБА лигата.

Една од причините за тоа дефинитивно беше слабата партија на крилниот центар Дрејмонд Грин кој даде само 2 поени со 4 скока, 3 асистенции, 2 загубени топки, а зарабои и 6 лични грешки.

Грин самиот е свесен дека ова е далеку под неговото ниво, па запрашан за тоа како ја оценува неговата игра тој порача:

-Играв како лајно. Мислам дека не најдов ритам на двете страни на теренот, немав доволно силам. Морам да пронајдам ритам, -порача Дрејмонд кој за неколку дена ќе има можност да се поправи во средбата која одново се игра во „Ти-Ди Гарден“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни