Поврзете се со нас

НБА

Грин откри дека Дурант си заминал од Голден Стејт поради Кари и Томпсон

Објавено

на

Кевин Дурант освои две шампионски титули со Голден Стејт и во третата заработи тешка повреда во финалето, но уште пред да биде одиграно истото, беше јасно дека „Кеј-Ди“ ќе замине во друг тим.

Дурант не можеше да се помири со тоа што Стеф Кари и Дрејмонд Грин добиваа поголема љубов и пожестоки овации од фановите на секој одигран натпревар во домашната сала, а таквиот негов однос почнал да се чувствува веќе уште во сезоната 2017-18. Ова го открива се уште актуелниот играч на „воините“, Дрејмонд Грин, кој потенцира дека големата ѕвезда почнала да им завидува на своите двајца соиграчи во втората сезона.

– Во втората сезона, Кевин веќе не беше толку среќен. Веќе не мислеше „Стеф прави што мислиш, Клеј шутирај колку сакаш“. Постојано се бунеше, реториката се смени во „Стеф зошто не додаваш, Клеј зошто шутираш“. Јас седев и ги гледав истите луѓе, Стеф и Клеј беа истите, ги познавам многу добро и дефинитивно не го отфрлаа. За жал, сето тоа се претвори во проблем. Кога Стеф и Клеј шутираа, почна да се јавува проблем, а тоа не беше така една година претходно. Кевин ми порача „овие продолжуваат со истото срање, јас ќе си одам од тука“, – открива Грин за „All The Smoke“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни