Грин објасни зошто Ленард не заврши во Лејкерс: Сакаше да оди по свој пат, имаше две опции за него

lenard-grin

Кавај Ленард по освоената шампионска титула со Торонто Репторс имаше можност да бира каде ќе ја продолжи својата кариера. Пред него имаше неколку реални опции, да остане во Канада или да се врати во рoдниот Лос Анџелес и да потпише со Клиперс или Лејкерс.

На крајот тој се одлучи за Клиперс, а со тоа дефинитивно изненади многумина кои сметаа дека ќе ја продолжи соработката со „рептилите“ или ќе му се приклучи на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во дрим тимот на „езерџиите“. Меѓутоа овој потег на Каваи воопшто не не изненадување за неговиот добар пријател Дени Грин со кого освоија две шампионски титули (Торонто и Сан Антонио).

Грин откри дека за Ленард доаѓањето во Лејкерс едноставно не била реална опција, поточно изборот бил меѓу останување во Репторс или потпис за Клиперс.

-Мислам дека сето тоа беше шок за мене. Освен што не е толку голем шок што Кавај што доаѓа во Лос Анџелес. Клиперс, како и да е. Не го видов како доаѓа по овој пат (кон Лејкерс). Чувствувам дека сакаше да оди по својот пат. Беше меѓу нив (Клиперс) и да се врати назад (Торонто). Мислам дека годината што ја имаше и што навивачите донесоа оваа сезона, беше тешко за него да ги одбие и си замине од Торонто. Ама знаев дека сакаше да биде поблиску до дома, -истакна Грин кој пак потпиша двегодишен договор со Лејкерс.

-Не беше тешко. Леброн и Дејвис е тука. Очигледно, кога сте со победнички тим и сте победиле, сакате да се вратите назад ако тоа е можно. Но, тоа немаше да се случи. Дури и ако се случеше, мислам дека ќе немаа место за мене. Па така одите во следниот најдобар тим во лигата и тоа според мене сега е Лејкерс, -порака искусниот бек.

Facebook Коментари