Поврзете се со нас

НБА

Грин: Леброн нема да игра ако НБА започне…

Објавено

на

blank

Пред 15 дена заврши сезоната во НБА лигата со триумф на Лос Анџелес Лејкерс, но и понатаму постојат дилеми, прашалници кога би можела да се отвори новата кампања, натпреварувачката 2020/2021 и дали истата би била променета со помалку мечеви во регуларниот дел со оглед на тоа што во 2021 година има многу закажани настани меѓу кои и ЛОИ во Токио.

Изминативе денови низ медиумите излезе вест дека сезоната би можела да стартува на 22 декември, а тоа секако донесе реакции кај дел од играчите. Имено Дени Грин од ЛА Лејкерс смета дека тоа е премноу брзо и ако тоа сценарио се оствари дел од кошаркарите можат да бидат недостапни.

-Ако започнеме во декември, мислам дека многу играчи нема да играат во првиот месец. Таков брз почеток ќе биде премногу за некои играчи. На пример не би очекувал Леброн Џејмс да биде во тимот во текот на првиот месец на сезоната, -рече Грин кој многу добро го познава „кралот“ со кого беа соиграчи во неколку различни тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни