Поврзете се со нас

Олимписки игри

Грин ја отпиша Србија: Јокиќ е феномен, но тие немаат никакви шанси

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Второто полуфинале на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри е меѓу САД и Србија, средба на која Американците се фаворити, но љубителите на овој спорт се надеваат на борба и возбудувања до самиот крај.

Избраниците на Кер веќе остварија две победи над овој ривал во изминатиов период и тоа две убедливи победи, па Дрејмонд Грин верува дека ќе гледаме уште една таква претстава на теренот во Париз.

-Добро, го имаат Никола Јокиќ, тој е феномен, но Србија нема ниту еден бек кој е подобар од Тајрис Халибартон. Со ова не сакам да искажам непочитување кон Тајрис, само го кажувам ова бидејќи тој е надвор од ротација во овој момент. Да беа изедначени со Јокиќ на теренот (првата средба во групата), ама тоа сега нема да се случи.

-Тимот на САД се прилагоди. Секогаш е така на првиот натпревар на Олимпијадата, сега е поинаку. Србија нема шанси, -вели Грин и додава:

-Германија е втора најдобра репрезентација, но разликата помеѓу првиот и вториот е огромна. Се обидовте да ја внесете Канада таму, но тие сè уште немаат континуитет, Германците играат заедно веќе 10 години. Престанете да правите толку врева и да кажувате дека секој може да ги предизвика Соединетите Американски Држави во кошарка, -порача ѕвездата на Голден Стејт Вориорс.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни