Поврзете се со нас

НБА

Грин исклучен по дуелот со Мичел, Кливленд подобар од Голден Стејт (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/cavs

Дури пет кошаркари на Кливленд постигнаа над 15 поени и му помогнаа на својот тим да стигне до важна победа на гостувањето кај Голден Стејт (110:118).

Кавс го најавија подвигот во вториот период со голема позитива, но стигна одговор на противникот во следниот, во кој Вориорс беа подобри со 31:16. Иако за момент беше вратена неизвесноста, Кливленд повторно потврди дека има порасположени играчи на теренот и си го обезбеди триумфот во последната делница.

Натпреварот беше одбележен и со инцидентот меѓу Дрејмонд Грин и Доминик Мичел. Грин го доби првото исклучување сезонава, бидејќи судиите му доделија втора техничка грешка при прегледувањето на снимка за наводен неспортски прекршок на Мичел. Судиите досудија обичен прекршок, но го прегледале и претходниот дуел меѓу двајцата, па Грин доби техничка затоа што го удрил противникот.

Кари бил најефикасен со 30 поени, додека кај Кливленд, Леверт постигнал 22, а Мичел 21 поен.

Голден Стејт-Кливленд 110:118
Атланта-Мајами 109:117
Бостон-Торонто 117:94
Орландо-Милвоки 112:97

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни