НБА
Грин даде сурова оценка за новиот Ол-стар формат и стана вирален хит (Видео)

Новиот формат на Ол-стар натпреварите беше промовиран рано утрово во Сан Франциско, но глобалниот впечаток е дека некогашниот НБА спектакл полека се претвора во случување кое воопшто не ги задоволува фановите.
Иако идејата беше да се внесе поголем компетитивен дух со три натпревари во иста вечер, НБА фановите и експертите одново се незадоволни од целосниот изглед на Ол-старот, а еден од најострите беше Дрејмонд Грин.
Неговиот соиграч Стеф Кари беше избран за МВП на Ол-старот на кој победи тимот на Шекил О’Нил, но запрашан да даде оценка за новиот формат, Дрејмонд беше навистина суров.
– Да дадам оценка од 1 до 10, каде 10 е најдобра? Нула! Ова е срање, ништо не функционираше, – порача Грин.
Грин на овој начин се придружи во рафалот критики на новиот формат, според кој рано утрово се играа две полуфиналиња, како и финале кое го означи конечниот победник.
“1-10, your thoughts of the format?”
Draymond: “A zero…It sucks.”
(h/t @ohnohedidnt24)
— Hoop Central (@TheHoopCentral) February 17, 2025
-
Формула 111 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија20 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони24 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија23 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Балкан21 час
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)