Поврзете се со нас

Германија

Грималдо со ново ремек дело, Леверкузен го потопи Унион Берлин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/brfootball

Баер Леверкузен останува лидер во германската Бундеслига и по 11. кола, односно експресно си ја врати позицијата број еден откако денеска му одржа лекција на Унион Берлин на „Бај Арена“.

„Фармацевтите“ славеа со убедливи 4-0 и со тоа потврдија дека се наоѓаат во брилијантна форма, форма која досега им овозможи одлични резултати во сите конкуренции.

Грималдо го отвори резултатот во 23 минута и тоа со атрактивен погодок во негов стил. Во вториот дел паднаа останатите три гола, а автори на иститите беа Косоноу, Тах и Телја.

Четата на Чаби Алонсо има 31 бод, два повеќе од второпласираниот Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни