Поврзете се со нас

Англија

Грилиш со интересен одговор зошто не го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед: Немаше потреба, го имате..

Објавено

на

blank

Тимот на Манчестер Јунајтед до последно се поврзуваше со летен ангажман на капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.

Манчестер Јунајтед долго време се интересираше за Грилиш за кого Астон Вила бараше 80 милиони фунти откако остана во Премиер лигата и минатата сезона.

Јунајтед одби да ги плати бараните пари од клубот од Бирмингем, а Грилиш потоа го продолжи договорот со Астон Вила до 2025 година.

Сега во интервју на јутуб подкастот на Хари Пинеро кој важи за голем навивач на Манчестер Јунајтед, Грилиш даде интересен одговор за неговиот пропаднат трансфер на „Олд Трафорд“.

– Секако го имате Бруно Фернандеш, -кратко и низ насмевка изјави Џек Грилиш. Пинеро потоа констатираше дека Грилиш е играчот кој го има најдобриот прв допир со топка во Премиер лигата, на што фудбалерот скромно одговори.

– Тоа не е точно. Правам некои точни допири со топката, но повеќе треба да се респектираат Бруно Фернандеш и Кевин Де Брујн, -заклучи Грилиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни