Поврзете се со нас

Англија

Грилиш постигна гол по 392 дена, Сити со „осумка“ во наредната фаза на ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Фудбалерите на Манчестер Сити остварија убедлив триумф над Салфорд од 8:0 во средбата од третата рунда на англискиот ФА Куп.

Иако Гвардиола ги измеша картите и им даде шанса на играчите кои се во втор план, играчи од школата тоа не беше проблем за фаворитот до врв да ја наполни мрежата на четвртолигашот.

Веста од ова соочување е тоа што Грилиш конечно реализираше за „граѓаните“, поточно се запиша во листата на стрелци по точно 392 дена. Џек пред овој меч на кој погоди од белата точка, последен пат се радуваше на гол против Кристал Палас на 16 декември 2023 година.

Што се однесува на останатите играчи кои погодија на Итихад тоа се Доку (2), Мекати (3), Мубама и Орејли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни