Поврзете се со нас

Англија

Грилиш не можеше да поверува што му се случи, па беше тешен од соиграчите на клупата за резерви (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Џек Грилиш имаше сезона од соништата минатата година и беше клучен фактор на сите важни натпревари кои ги одигра Манчестер Сити, а воедно и многу важен играч во освојувањето на сите големи трофеи.

Англискиот репрезентативец беше како на „седмо небо“ по трите освоени титули, но тоа што требаше да претставува фудбалско уживање за него во сезоната која претстои, полека се претвора во пекол.

Грилиш не може да крене глава од повреди и тоа направи да го изгуби статусот на стартер во тимот на Гвардиола, па сега кога се врати во почетните 11, одново мораше да побара измена.

Џек издржа само 30-тина минути против Лутон и самостојно побара да биде изваден, по што стана јасно дека најверојатно ја обнови повредата поради која последно отсуствуваше.

Грилиш не можеше да поверува што му се случи и беше навистина разочаран и резигниран на клупата за резерви, до тој степен што беше тешен и од соиграчите.

– За жал, изгледа како да ја обнови повредата. Тоа е навистина тажно за него, вторпат му се случува истото. Се надевам дека овојпат ќе земе повеќе време и дека целосно ќе се опорави, – изјави Пеп Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни