Поврзете се со нас

Евролига

Григонис со магичен потег ја реши Валенсија со звукот на сирената, Реал и ЦСКА им се вратија на победите (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Жалгирис дојдоа до уште една драматична победа во Евролигата, овојпат на гостувањето во Шпанија кај составот на Валенсија.

Минатата седмица Вокап донесе трилер славје за литванскиот состав против Олимпијакос, додека пак сега човек на одлука беше Григонис кој со магичен потег, ролинг меѓу двајца се избори за шут и погодок за 79-78 и големо славје на тимот од Каунас.

Григонис даде 12 поени и беше еден од четворицата двоцифрени играчи кај Жалгирис кои ги преводеше Рубит со 17 кошеви. Кај Валенсија прв стрелец беше Словенецот Препелиќ со 18 постигнати кошеви.

ЦСКА Москва и Реал Мадрид по двата порази во низа им се вратија на победите во елитното натпреварување. ЦСКА без Мајк Џејс ја доби Алба во Берлин со 71-68 во средба во која број еден беше Шенгелија со 20 поени.

„Кралевите“ пак во Мадрид беа подобри од Панатинаикос со резултат 76-66. Домаќините во првиот дел се изборија за позитива од 22 поени (49-27), па во продолжението истата успеаа да ја одбранат.

Дек даде 20, Алосен 13 поени, додека кај поразените се истакна Недовиќ со 18 кошеви.

На последниот дуел Асвел како домаќин го доби битката со Басконија со 83-77.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни