,,Grid Girls” остануваат или си одат од Ф1: Раководството на Ф1 ќе ја донесе конечната одлука (Видео)

Grid Girls F1

Рос Браун, спортскиот директор на Формула 1, веќе размислува како да реагира на се пожестоките реакции за популарната женска придружба „Grid Girls“ кои од 1960 година одат во придружба на пилотите пред стартот на секоја трка. Оваа кампања со женскиот свет трае неколку децении со нивно учество во Ф1 трките, меѓутоа одредени центри кои ја промовираат жената во општеството, не се задоволни од тоа што девојките се користат како неми кукли кои немаа никаква улога, односно само стојат и се смешкаат.

Браун е дециден дека мора добра да се размисли пред да се повлече главниот потег бидејќи со учестовото на „Grid Girls“ се добива поголемата маркетингшка експанзија и се привлекуваат уште повеќе фанови во Ф1. Но, очигледни се реакциите и во однос на малолетната публика зошто е изложена на премногу разголеност од страна на девојките кои секогаш стојат до главните пилоти во Ф1. На потег е новото раководство предводено од „Либерти Медиа“ кои по превземањето на Формула 1 од Берни Еклстоун, сериозно си ја сфатија својата улога и прават се за издигнување на гледаноста и атрактивноста на овој спорт.

Facebook Коментари