Поврзете се со нас

Свет

Гремио губеше 3:1, а потоа на сцена стапи безвременскиот Суарез (Видео)

Објавено

на

Foto: Alexandre Durão | Grêmio FBPA

Во директната пресметка за првото место во бразилската Серија А, Ботафого и Гремио понудија навистина спектакуларен натпревар со седум гола, во кој на крајот славеа гостите благодарение на својот најдобар напаѓач.

Луис Суарез се подготвува за заминување од Гремио и најверојатно ќе го реализира тоа во јануари, но пред да дојде до тоа, решен е да го даде својот максимум во секоја минута која ја минува на теренот.

Доказ за тоа добивме и на големото дерби кое заврши со резултат 3:4, а на кое „Ел Пистолеро“ беше главен јунак за гостите со своите три гола во второто полувреме.

Гремио губеше 3:1 до 50-та минута од натпреварот и Ботафого беше на добар пат да оствари триумф, но потоа на сцена стапи Уругваецот кој запиша хет-трик за неполни 20 минути.

Суарез намали на 3:2 во 50-та минута, израмни на 3:3 во 54-та, а во 69-та погоди по трет пат и го комплетираше пресвртот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни