Англија
Грем Сунес издвои еден фудбалер на Ливерпул: Ќе биде витален за клубот

Поранешниот фудбалер и менаџер на Ливерпул, Грем Сунес издвои еден играч на сегашниот тим како фудбалер кој ќе игра клучна улога во иднина.
Сунес беше импресиониран од тоа што го видел од Куртис Џонс на натпреварот против Шефилд Јунајтед во кој младиот фудбалер го постигна првиот погодок при победата од 2:0.
Во изјава од студиото на „Скај Спортс“, Сунес посочи дека Џонс има завидно ниво на техника и дека тоа е играч кој ќе игра значајна улога во тимот во годините што претстојат.
– Кога го гледате како игра сфаќате дека тој има огромно познавање на играта и има неверојатна техника. Тој може да дрибла на мал простор. Има само 20 години, има шанса да биде вистински фудбалер за овој клуб. Фактот што е „скаузер“ е вистински бонус. Тој ќе игра клучна улога во Ливерпул во иднина, -изјави Сунес.
Победата на „Брамал Лејн“ против последнопласираниот Шефилд Јунајтед го доближи Ливерпул на два бода од четвртопласираниот Вест Хем во борбата за излез во Лигата на шампионите.

- Шпанијапред 18 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 22 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити